вторник, 22 октомври 2024

Почна годишниот аџилак во Мека, верниците порачаа дека се молат за Газа

Годишниот аџилак почна денес во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници кои во екот на војната во Газа порачаа дека се молат за жителите на палестинската територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Собрани во Големата џамија во Мека, аџиите денес по ритуалното обиколување седум пати околу Каба, ќе се упатат во неколку километри оддалечената Мина, каде ќе преноќат во шатори.

На планината Арафат аџиите заминуваат на еднодневно бдеење, потоа во Муздалифа, карпестата рамнина оддалечена неколку километри.

Додека трае војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, многу аџии кажале дека се молат за палестинските територии, бомбардирани и опколени повеќе од осум месеци.

Еден од најголемите светски собири, аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот. Од сите муслимани се очекува да го извршат барем еднаш во животот, ако се физички и финансиски способни за тоа.

Саудиските власти ги предупредија учесниците на аџилакот на големите жештини, со температура и до 48 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ