вторник, 22 октомври 2024

Почина војник на 25-годишна возраст

Професионалниот војник А.Ј. (25) почина синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти Генералштабот на Армијата на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на армискиот полигон „Криволак“.

Војникот на крајот од изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошува по што паѓа во безсознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон клиниката- КАРИЛ во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт.

Насоки за понатамошна постапка и утврдување на  околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

Починатиот војник 24 дневниот селективен курс го почнал во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност, соопшти Генералштабот на АРМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ