вторник, 22 октомври 2024

Почина тинејџерка во Иран која наводно била претепана од полицијата за морал (ВИДЕО)

Иранската тинејџерка Армита Гераванд, која беше повредена во необјаснет инцидент бидејќи не носела хиџаб, почина по неколку недели во кома, објавија иранските државни медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Смртта на младата Гераванд уследи по неколку недели во кома во болница во Техеран и една година од смртта на 22-годишната Махса Амини, која предизвика протести низ Иран, пренесе АП.

Повредата на Армита Гераванд на 1 октомври во метрото во Техеран, сега и нејзината смрт, се заканува повторно да го разгори гневот на народот во Иран, особено кога жените во Техеран и другите делови на земјата продолжуваат да се спротивставуваат на законот за задолжителен хиџаб, незадоволни од теократското владеење на Иран.

Тоа што и се случи на Армита Гераванд за неколку секунди откако влегла во вагонот на подземната железница сѐ уште е мистерија.

Нејзината пријателка за иранската државна телевизија изјавила дека Гераванд ја удрила главата на платформата на станицата, на видеото непознато лице го блокира местото каде што се наоѓа тинејџерката, само неколку секунди подоцна нејзиното неподвижно тело беше однесено.

Извештајот на иранската државна телевизија не вклучува никаква снимка од возот и не нуди објаснување зошто видеото не е објавено, иако повеќето вагони во метрото во Техеран се покриени со камери за видео надзор, кои ги надгледуваат чуварите.

Родителите на трагично повредената тинејџерка се појавиле на државните медиуми велејќи дека проблемот со крвниот притисок, паѓањето или можеби и двете придонеле за фаталната повреда на нивната ќерка.

Ирански активисти тврдат дека Гераванд можеби била турната или нападната бидејќи не носела хиџаб. Тие повикаа на независна истрага од страна на мисијата за проверка на факти на Обединетите нации, тврдејќи дека иранските власти вршат притисок врз семејствата на жртвите и потсетувајќи дека државната телевизија емитувала стотици присилни признанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ