четврток, 25 јули 2024

Почина тешко повредената патничка во несреќата во тунелот кај Демир Капија

Објавено на

часот

Сподели

„Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на настанот и ќе нареди сообраќајно вештачење за да се утврдат причините на несреќата. Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот“, велат од обвинителството за МИА.

Претходно, од СВР Велес потврдија дека денеска нешто после 8:30 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ