сабота, 19 октомври 2024

Почина српскиот кошаркарски тренер, Дејан Милојевиќ

Еден од најдоминантните српски центри последниве две децении и феноменален тренер, Дејан Милојевиќ (46 години), почина вечерва во САД, откако ја загуби најважната битка по претрпениот срцев удар.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за поранешен европски шампион со СЦГ, троен МВП во АБА-лигата и двоен најдобар стрелец во регионалното натпреварување, во кое настапуваше со екипите на ФМП, Будуќност и на Партизан. Тренерската кариера ја почна во 2012 година во Мега баскет, каде што остана во следните осум години, период во кој од овој тим излегоа „милион“ фантастични кошаркари кои завршија во НБА, меѓу кои е и Никола Јокиќ.

Од 2021 година до смртта работеше како асистент во стручниот штаб на Голден стејт вориорс, со кој дојде до НБА титулата пред две години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ