вторник, 22 октомври 2024

Почина момчето кое се самозапали откако беше грабнато и мачено

Почина 24-годишното момче кое пред неколку дена беше насилно пренесено со возило од населбата Ченто до Ќојлија, а потоа според неговите искази било натерано да се самозапали.

Објавено на

часот

Сподели

24 годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром.

Претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона , а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгореници.

Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен и помошен објект во близина.

„Денеска во 00:37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошло 24 годишно момче од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија“, информираше тогаш МВР.

Неофицијално грабнувачите му должеле пари на сега починатото момче.

Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека бил тепан и држен во кафез.

МВР работи на расчистување на случајот, а врз телото на момчето е извршена обдукција. Телото е предадено на семејството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ