Според многумина Вахидин Мусемиќ е најдобриот напаѓач во историјата на Сараево. За босанскиот клуб одиграл 182 официјални натпревар на кој дал 83 погодоци. А заедно со неофицијалните има 293 натпревари и постигнато 169 голови. По Сараево направи трансфер во Ница каде остана две години.
Тој беше еден од фудбалерите на Југославија кои стигнаа до финалето на Европското првенство во 1968 година во Рим.
За репрезентацијата на Југославија има одиграно 17 натпревари и постигнато девет голови.