сабота, 19 октомври 2024

По вербалниот напад на Бектеши, новинарката Дуковска денеска физички нападна полициски синдикален водач

Објавено на

часот

Сподели

Камерите на некои телевизии го регистрираа овој инцидент. Не се знаат причините поради ваквиот инцидент.

„Додека во цел свет новинарите се тие кои се напаѓани, во Македонија, агресивнa новинаркa го нападна претседателот на Независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење“, објави Делчев на својот фејсбук-профил.

Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство. „По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа. Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално“.

Неодамна Дуковска во Владата на конференција за медиумите на министерот за економија Крешник Бектеши влезе во вербална расправија со министерот за употребата на официјалното име на Македонија. И тогаш и денеска остана нејасно за која редакција работи Дуковска, дали е слободен новинар, а не е член на ЗНМ.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ