вторник, 22 октомври 2024

По Тони Крос, уште двајца миленици на публиката го напуштаат Реал Мадрид

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „кралевите“ ова лето ќе останат без Начо и Хоселу, дефанзивецот ќе се пресели во Саудиска Арабија, а напаѓачот во Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Тони Крос нема да биде единствениот миленик на навивачите кој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Последните информации од Шпанија велат дека од Реал Мадрид си заминуваат Начо и Хоселу.

Дефанзивецот практично има се договорено со Ал Кадисија и во скоро време треба да пристигне потврда за неговата преселба во Саудиска Арабија.

Хоселу пак ќе ја продолжи кариерата во Катар, и покрај тоа што Карло Анчелоти инсистирал на негово останување.

Очигледно трансферите на Мбапе и Ендрик си го направија своето, па Хоселу решил да ја прифати понудата на Ал Гарафа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ