вторник, 22 октомври 2024

По тепачка во автомобил, сопругот ја оставил повредената сопруга крај автопатот и заминал

Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Утврдено е дека по физичка пресметка меѓу сопружниците од Србија, жената била оставена крај автопатот, а сопругот со децата заминал за Србија.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија – Неготино, по наплатна станица ‘Демир Капија’, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР – Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин Табановце“, информираат од СВР – Велес.

Од страна на Итна медицинска помош – Неготино на С.М. ѝ била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ