Денес, сабота, утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 29 стешени. Преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Следува период на стабилно и релативно топло време. Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.
Од вторник температурата повторно ќе биде во постепен пораст.