сабота, 19 октомври 2024

По студеното утро денеска топло, на места и до 31 степен

Денеска утрото е студено, на повисоките места, како во беровскиот крај, температурата се спушти до 2 степени, а во мавровскиот околу 5 степени, до максимални утрински од 12 степени на југоистокот од Македонија. Дневните максимални температури ќе се движат од 21 во мавровскиот регион и 24 во беровскиот, до 31 во југоисточните места. За скопската котлина се прогнозираат 29 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (на места до 60км/ч).

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

м

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ