вторник, 22 октомври 2024

По руските и американските бродови, на Куба пристигна и патролен брод на канадската морнарица

Канадски поморски патролен брод вплови во Хавана во петокот, неколку часа откако Соединетите Држави објавија дека нивен воен брод се закотвил во американската поморска база во заливот Гвантанамо на Куба, островот каде што руски воени бродови пристигнаа претходно оваа недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пристигнувањето на руски, канадски и американски бродови во Куба, островска држава под комунистичка власт на само 145 километри јужно од американската сојузна држава Флорида, потсети на тензиите од Студената војна и заладените односи меѓу Русија и западните земји поради војната во Украина.

Сепак, и САД и Куба рекоа дека руските воени бродови не претставуваат никаква закана за регионот. Русија го опиша пристигнувањето на своите бродови кај сојузничката Куба како рутина.

Фрегатата Адмирал Горшков и нуклеарната подморница Казан впловија во средата во хаванското пристаниште, откако во Атлантскиот океан изведоа вежби со „високопрецизно ракетно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Канадскиот патролен брод Маргарет Брук заплови во хаванското пристаниште во петокот, во она што Канада го нарече „посета на пристаништето како признание за долгогодишните билатерални односи меѓу Канада и Куба“.

Соединетите држави соопштија неколку часа претходно дека напаѓачката подморница Хелена пристигнала во рутинска посета на пристаништето Гвантанамо, американската поморска база на работ на островот на околу 850 километри југоисточно од Хавана.

Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека било информирано за пристигнувањето на американската подморница, но не е среќно, имајќи предвид дека таа ѝ припаѓа на „земја чија официјална и практична политика е непријателска кон Куба“.

„Поморските посети на земјата обично се резултат на покана, а тоа не беше случај“, рече заменик шефот на дипломатијата Карлос Фернандез де Косио.

Канадскиот дипломат рече дека доаѓањето на Маргарет Брук „нема никаква врска со присуството на руските бродови“.

Русија и Куба беа блиски сојузници за време на Советскиот Сојуз, а тензиите со Вашингтон поради комунизмот во неговиот „двор“ кулминираа со Кубанската ракетна криза во 1962 година. Москва ги одржуваше врските со Хавана.

Се очекува руските бродови да останат во пристаништето во Хавана до понеделник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ