сабота, 19 октомври 2024

По рекордните 60 пожари во неделата, вчера „само“ 33 пожари

Пожарот на територијата на Општина Чашка се наоѓа високо во планината, некаде над 1.800 метри надморска височина, во месноста помеѓу Мала и Голема Бабина Дупка. На оваа надморска височина е исклучително тешко и ризично гаснење со воздухоплови поради силните воздушни струења и исклучително стрмниот терен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Вчера имаше вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови – „утрински“ пожари во Скопско (два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари – каде што се запалени отпадоци). На пожарите што загрозуваа села се дејствуваше и со два противпожарни авиони на ДЗС и со еден хеликоптер на МВР, а некаде покрај противпожарните тимови во одбрана на селата се вклучи и месно население.

с

Големите активни пожари од вчера се во Македонски Брод, Штип, Крушево, Чашка, Валандово и Струмица.

По рекордот од 60 пожари во неделата, вчера имаше „само“ 33 пожари на отворен простор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ