сабота, 19 октомври 2024
Изјава на министерот за здравство

По престрелката во Тетово, еден од ранетите е во тешка состојба, вели Меџити

Во вооружената престрелка меѓу членови на две семејства што се случи синоќа во Тетово, ранети се две лица, едното од нив е во тешка состојба, потврди министерот за здравство, Фатмир Меџити

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Меџити денеска нагласи дека вчерашната тепачка пред болницата во Тетово била поради лични нерачистени проблеми меѓу инволвираните лица и дека нема никаква врска со болницата.

Во однос на здравствената состојба на повредените, Меџити информираше дека двајцата повредени се наоѓаат на КАРИЛ.

„Според информациите од директорот на болицата во Тетово, едниот е во потешка состојба, а другиот во полесна состојба. Тие се на Карил, на одделот за анестезија и реанимација. Останатото ќе го расчистат МВР и Обвинителството. Овој случај нема никаква поврзаност со здравството или со Болницата, изјави Меџити.

Вчера во 18.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека пред влезот на Ургентниот центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ