Битката која траеше четири часа, почна неизвесно уште во првиот сет кој го доби Синер во тајбрејк со 9-7.
Следните два сета му припаднаа на Медведев кој ги доби со 6-4 и 7-6 (4). Рускиот тенисер поведе со 2-1 во сетови.
Одговори Синер со убедлив сет, со 6-2 го доби четвртиот и изедначи на 2-2.
Во петтиот решавачки сет Медведев беше подобар со 6-3 за победа од 3-2 во сетови и пласман во полуфиналето на Вимблдон.
Таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Алкараз и Пол.