вторник, 22 октомври 2024

Платени убијци во Сараево ликвидирале шеф на шведски картел

Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила денес две лица кои се поврзуваат со убиството на шведскиот државјанин извршено ден претходно, додека со истрагата се обидува да се утврди какви точно биле врските меѓу нив.

Објавено на

часот

Сподели

Мажот идентификуван како Харис Естердал (30) беше убиен во вторникот во Сараево во пресметка која личела на класична заседа. Во него пукале двајца напаѓачи кои притоа раниле уште еден маж. Тој подоцна бил идентификуван како Елвир Мутиќ исто така шведски државјанин, кој бил со жртвата во времето на нападот.

Мутиќ е сега во болница во Сараево и е надвор од животна опасност. Поради сомнеж дека извршил убиство односно ранување во местото Соколац на територија на Република Српска неколку часа по инцидентот уапсен е Швеѓанецот Херберт Оливер Петер.

Идентитетот на другите двајца уапсени под истиот сомнеж за време на полициската потера во околината на Сараево уште не е познат.

По убиството, се нагаѓа за позадината. Шведските медиуми пишуваат дека сите лица поврзани со инцидентот биле вклучени во трговија со дрога.

Една од верзиите е дека Естердал бил мета на платени убијци поради спремноста пред шведското правосудство да сведочи против други лица од таа земја вмешани во трговијата со наркотици. Поради тоа наводно се обидел да се скрие во Сараево, каде изнајмил стан. Нема потврда како точно стигнал во БиХ.

Сè се поврзува со судири меѓу криминални групи во Шведска кои ескалирале претходно оваа година и во кои до 7 септември биле убиени најмалку шест лица.

Поради судирите на криминалните банди чии припадници стануваат сè понасилни шведскиот премиер Улф Кристерсон на крајот на септември побара на полицијата да ѝ помогне војската, прогласувајќи војна против криминалните банди. „Шведска никогаш порано немала ништо слично“, изјави Кристерсон објаснувајќи го барањето без преседан во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ