Според информацијата, нивна тричлена екипа и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид, во координација со струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.
„Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18 часот и 38 минути оперативниот центар на Планинската спасителна служба беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60- годишна возраст), со потекло од селото. Тој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и до 16 часот и 30 минути (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд- куќа, соопшти Планинската спасителна служба.