вторник, 22 октомври 2024

„Пламенка“ – нов роман на Петре Димовски

Во издание на „Дијалог“ од Скопје деновиве излезе од печат романот „Пламенка“ од Петре Димовски, што е втор том од избраните дела на овој познат македонски писател кој живее и создава во Битола. Минатата година истиот издавач, во рамките на едицијата „Избрани дела“, го објави романот „Бродови“.

Објавено на

часот

Сподели

Во обемниот поговор кон новото издание на „Пламенка“, писателот и универзитетски професор Златко Жоглев пишува дека станува збор за роман кој има специфична „филозофско-социолошка и психолошка длабочина“ остварена со особености на „извонредна книжевна вредност“. „Препрочитувањето на ова дело овозможува откривање на нови аспекти и слоеви на предметната проблематика“, подвлекува Жоглев.

Петре Димовски е раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Добитник е на низа книжевни признанија меѓу кои и на наградите на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“. Дебитираше со книгата „Преломи“ во 1973 година и во изминатите педесет години создаде опус од 20 романи и 15 збирки раскази. Во неговото творештво низ белетристички пристап се следи во континуитет и растежот и падот на Битола низ бурните векови, од настанувањето на градот до најновото време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ