четврток, 25 јули 2024
Германскиот министер за одбрана

Писториус: Германија не е сојузник со Украина, што значи дека не е со неа во некаква алијанса

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го призна доцнењето со испораката на оружје за Украина, истакнувајќи дека зголемувањето на индустрискиот капацитет ќе се случи што е можно поскоро.

Објавено на

часот

Сподели

„Даваме сѐ што можеме. Ова се однесува на речиси сите други сојузници и партнери.“ Но Германија не е сојузник со Украина, што значи дека не е со неа во некаква алијанса, објасни тој, одговарајќи на прашањето дали недоволната воена помош за Киев значи дека „обединетиот Запад“ не е во состојба да „обезбеди отпор“.

„Германија сега е соочена со фактот дека одбранбената индустрија во одредени области не може да обезбеди залихи за Киев во потребните количества“, рече Писториус во интервју за германскиот медиум ЗДФ, коментирајќи ги обвинувањата за недоволно ниво воена помош.

Тој потсети дека Германија е вториот најголем снабдувач на оружје за Украина по САД.

Министерот додаде дека текот на конфликтот е „тешко да се предвиди“, апелирајќи дека треба да се фокусира, пред сè, на „стабилноста на испораките, и покрај сите можни проблеми“.

Германскиот министер за одбрана додаде дека однапред предупредил дека Европската Унија најверојатно нема да може да ѝ испорача еден милион артилериски гранати на Украина до пролет.

„Многу рано предупредив за оваа бројка, бидејќи согледав дека оваа бројка веројатно нема да се достигне“, рече Писториус.

Оваа бројка, рече тој, создаде очекувања, кои на крај не беа исполнети.

„Една воена индустрија создадена во мирнодопски услови не може така лесно да произведе милион“, оцени министерот.

Сепак, тој сугерираше дека „работите ќе се подобрат во следните неколку месеци“.

„Само Германија ќе испорача речиси 200.000 гранати. Но за сѐ е потребно време и не се работи за политички одлуки или за финансиски средства“, нагласи германскиот министер.

Покрај тоа, тој тврди дека ако Русија победи во конфликтот во Украина, ќе се појави „целосно нова безбедносна ситуација во Германија“.

Според него, единствените што можат да одлучат дали ќе преговараат или не се Украина и Русија.

На изјавата на германскиот министер реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која рече дека „Писториус ги сменил чевлите“.

„Борја отпакува сосема нови мокасини, кои ги доби минатиот Божиќ, и ги смени чевлите“, напиша Захарова на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ