вторник, 22 октомври 2024
Доста проблеми во соблекувалната на Олд Трафорд

Пирс Морган „удри“ по патетичниот Манчестер јунајтед: Се што ми кажа Роналдо се покажа точно!

Пирс Морган „удри“ по Манчестер јунајтед откако четворица новинари добија забрана за пристап на прес-конференции поради тоа што на „ѓаволите“ не им се допаѓа начинот на кои известуваат за случувањата во клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на дербито против Челси, од Олд Трафорд пристина информација дека се превземаат мерки против некои медиумски организации, односно четворица новинари добија забрана за пристап на прес-конференции – Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).

Во Манчестер јунајтед не се задоволни како овие медиуми известуваат за случувањата во клубот, односно зошто прво не стапиле во контакт со нив и да им дадат можност за коментар и демант.

Се чини дека чашата ја прелија сториите кои кружат со недели а кои велат дека Ерик тен Хаг ја губи соблекувалната, на голем дел од фудбалерите не им се допаѓале методите на Холанѓанецот, не им се допаѓа ниту начинот на кој стратегот се справува со „случајот Санчо“, па станале непослушни.

По ваквите случувања реагираше новинарот Пирс Морган, кој минатата година го направи бомбастичното интервју со Кристијано Роналдо, по кое ЦР7 си замина од Манчестер јунајтед.

„Само да потсетам, се што Роналдо ми кажа пред една година за Манчестер јунајтед и Ерик тен Хаг, сега се покажа како точно“ – напиша тој на Твитер.

„Патетично. Можете да направите ваков испад кога сте најголемиот тренер на сите времиња и се викате Сер Алекс Фергусон, но не можеште кога сте толку лош како Тен Хаг. Новинарите излегуваат со точни информации кога кажуваат колку сте лоши, па затоа сето ова е смешно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ