сабота, 19 октомври 2024

Пиромани запалиле контејнери во Карпош, Комунално се мачи да го собере отпадот

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните внимателно да ракуваат со контејнерите, за да можае екипите на претпријатието навремено да го собриаат ѓубрето на терен. Апелот доаѓа откако викендот непознати сторители запалиле три контејнери на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош. 

Објавено на

часот

Сподели

„Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители, беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош. Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот“, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.

м

Се додава дека екипите на претпријатието извршиле целосно расчистување и го замениле комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнери биле сервисирани. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ