вторник, 22 октомври 2024
Селекторот горд по освоениот бод во последните секунди

Пикси: Србите не умираат толку лесно!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси вели дека голот на Лука Јовиќ во 95. минута бил награда за нивната упорност против Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Србија беше на прагот на нов пораз на Европското првенство, имаше гол негатива против Словенија се до последните секунди од мечот, но Лука Јовиќ во 95. минута погоди по еден корнер за 1-1 и важен бод.

„Србите не умираат толку лесно!“ – рече по крајот на натпеварот селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

„Не се предаваме и одиме до крај. Голот и резултатот се награда за таа наша упорност и таа наша верба. За многумина натпреварот можеби беше завршен, но не и за нас. Ова е Европско првенство, не се пријателски натпревари и секој бод е важен“.

„Она што е особено важно е тоа што креиравме доста шанси“.

Тој потоа додаде: „Не сакавме да се помириме со пораз од Словенија, и затоа дојде наградата во самиот финиш. Сакаме да играме офанзивен фудбал, да креираме шанси. Ова не значи дека секогаш ќе стигнете до добар резултат, но ете ние денеска постигнавме гол, и сега ни останува тој последен натпрeвар од групата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ