Србија синоќа загуби со 1-0 од Англија во воведниот натпревар на Европското првенство, а по крајот на натпреварот следуваше бура откако капитенот Душан Тадиќ негодуваше што мечот го почнал на клупата за резерви и влегол во игра во второто полувреме.
Ова не му се допадна на Драган Стојковиќ, кој потсети дека како селектор е главен и ги носи одлуките.
„Нема потреба за вакви коментари, тоа не е добро“ – вели популарниот Пикси.
„Одлуката беше од тактички причини, сакав Тадиќ да биде „свежи нозе“ во второто полувреме и тоа е главната причина за одлуката, ништо повеќе“.
„Ова беше моја одлука, мое гледиште на ситуацијата. На крајот од денот, јас сум главен како селектор и тој што носи одлуки“.