вторник, 22 октомври 2024

Пицерија во Германија доставувала дрога, „пица бр. 40 беше една од најпродаваните“

Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според германската полиција, пицеријата испорачувала пици, но и кокаин, кој на менито бил наведен како „пица бр.40“. „Тоа беше една од најпродаваните пици“, соопшти германската полиција, пренесува Дојче веле.

36-годишниот сопственик на пицеријата фрлил торба полна со дрога низ прозорецот штом полицијата му заѕвонила на врата. Сопственикот немал криминално досие. Два дена по апсењето, тој бил ослободен од затвор и повторно почнал да ја нуди „пица бр. 40“, што им помогнало на полицајците да идентификуваат други алки во синџирот.

Покрената е акција во која се уапсени 15 лица, од кои тројца се осомничени за набавка на дрога. Запленети се 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Во истрагата учествувале 150 полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ