понеделник, 21 октомври 2024
Објава на поранешната министерка

Петровска побара заштита од МВР, вели, ја следат, фотографираат, ѝ се закануваат по живот

Поранешната министерка за одбрана, а сега пратеничка на СДСМ, вечерва побара заштита од МВР откако, како што вели, преку социјалните мрежи пристигнале закани по живот,  се објавуваат фотографии од лица под псевдоним кои ја следат и се пишуваат навредливи пораки. Во една од објавите осамнаа фотографии од Петровска како го шета своето куче во близина на нејзиниот дом, со коментари дека следниот пат ќе биде фрлена по скали.

Објавено на

часот

Сподели

„Ме сликате, ме следите и се заканувате. Предходно не ме критукувавте за работењето, туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте. Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност. Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана, односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува“, вели Петровска.

Таа нагласува дека Скопје седум месеци „по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град“ и му поставува прашање на премиерот:

„Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори ѝ на јавноста: Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена? Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство“.

Поранешната министерка во објавата на Фејсбук порачува:

„Патем ќе поднесам пријава до МВР и да видиме каков пристап ќе има МВРО-ВМРО во случајот за тоа што ме следат и ми се закануваат“.

Претходно, денеска, таа имаше објава на Фејсбук во врска со вчерашното убиство во Скопје, споемнувајќи го во определен контекст и премиерот Мицкоски, а потоа тој изјави дека против неа ќе поднесе кривична пријава. На тоа Петровска возврати дека тужбата од Мицкоски ќе биде одлична можност пред судот да ги изнесе доказите против него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ