вторник, 22 октомври 2024

Петровска: Мицкоски прави нова полициско-партиска држава

Пратничката од СДСМ, Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана денеска на нејзиниот фејсбук профил објави дека во рок од 7 дена во МВР „се поделени”, под притисок и закани, како што напиша, повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и военото разузнавање. И Мицкоски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски“, објави Петровска на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ