За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи.
„Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме“, напиша на Фејсбук министерката Петровска.
Дендиас, преку Твитер информираше дека имал телефонски разговор со Петровска во кој го информирала „за подготвеноста да се пружи помош на земјата за справувањето со разорните пожари“.