вторник, 22 октомври 2024

Пет лица одговорни за нападите во руски Дагестан се „елиминирани“, билансот на жртвите се качи на дваесет

Пет лица одговорни за повеќе оружени напади во Дагестан се елиминирани, соопштија властите на тој регион во Руската Федерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата е спроведена откако вооружени напаѓачи убија 20 лица во координирани напади вчера во два града – Махачкала и Дербент, пренесуваат агенциите. Рускиот истражен комитет претходно соопшти дека се убиени 15 полицајци и четворица цивили, вклучувајќи православен свештеник, а бројот на мртвите денес се качи на 20. Нападнати се две православни цркви и две синагоги.

Комитетот соопшти дека пет напаѓачи се елиминирани и дека нивните идентитети се утврдени, како и идентитетите на помагачите. Не е објавено колку точно напаѓачи биле вклучени во вчерашните напади.

Рускиот Антитерористички комитет во одвоено соопштение порача дека двајца „бандити“ се елиминирани во Дербент, а тројца во Махачкала. Истакнаа дека антитерористичката акција е завршена.

Во оружените напади убиени се 20 лица, а 46 се ранети, според новиот биланс кој денес го објавија властите на таа област.

„Во терористичкиот напад извршен вчера во Републиката, во Махчкала и Дербент, ранети се 46 луѓе, меѓу кои цивили и припадници на силите на редот. За жал, 20 лица загинаа“, соопшти министерството за здравство на мнозински муслиманската област.

Властите за нападите ги обвинија исламските терористи во претежно муслиманскиот регион на Северен Кавказ.

Ова е најсмртоносниот терористички напад во Русија од март, кога вооружени лица отворија оган во концертна сала во Москва, убивајќи 145 лица.

Во Дагестан денес е првиот ден од тридневната жалост поради смртоносните терористички напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ