четврток, 24 октомври 2024
Претседателката задоволна од сработеното пред истекот на мандатот

Пет и пол илјади предмети биле завршени во ДКСК за 5 години

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК што таа го предводеше, е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни препреки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање за впечаток за мандатот што го завршува, Ивановска изјави дека овој состав на ДКСК не работел од нулта, туку „од минус и неколку позиции под нула“, ако се земат предвид оценките што претходно за оваа институција ги давала Европската комисија.

„Сме правеле анализа за 10-ина години наназад. Значи, до 2019 година навистина беа негативни оценките. Успеавме сето тоа да го поправиме иако половина мандат имавме непроменети услови за работа, како просторни, така и материјално-технички, човечки ресурси. Сепак, низ рацете на ДКСК поминаа бројни предмети, некаде околу пет и пол илјади предмети поминаа и се завршија, дадовме повеќе иницијативи во Јавното обвинителство“, изјави Ивановска пред отворањето на презентацијата на резултатите од Националниот систем на интегритет Македонија.

За конечните бројки на предмети и иницијативи ДКСК ќе ги информира медиумите на крајот на месецов, а „црешата на шлагот“, како што рече, ќе бидат големите предмети што се однесуваат на „Бехтел и Енка“ и Лотарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ