петок, 25 октомври 2024

Песков Не е вистина дека Путин разговарал со Маск

Претседателот на Русија Владимир Путин не разговарал со американскиот бизнисмен и милијардер Илон Маск, кажа денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков како одговор на барањето да ги искоментира тврдењата на Волстрит џурнал според кои тие двајца одржувале контакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не, сето тоа е лага, целосна лага објавена во весникот Волстрит џурнал. Станува збор за уште едно пласирање вести во рамки на предизборната политичка борба која веќе се заостри до крајни граници. Предизборната трка влезе во завршната фаза и, нормално, противниците на се гадат од ништо“, кажа Песков на прашањето дали од 2021 година Путин имал контакт со Маск.

„За жал, и во овој весник и во другите американски публикации во последно време има толку невистини што немаме обичај овие изданија веднаш да ги читаме со кафето, бидејќи повеќе не ги доживуваме како весници со авторитет кои ја кажуваат само вистината“, оцени Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ