вторник, 22 октомври 2024

Перински: До септември општините треба да подготват проекти за поделба на 250 милиони евра

Општините да подготват проекти за 250-те милиони евра кои се на располагање на локалните самоуправи. Овие пари треба да се потрошат за проекти од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, изјави Златко Перински, министерот за локална самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека Владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството за локална самоуправа ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти.

„Ги повикувам сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, што го планираме за во септември, рече Перински и додаде дека овие пари ќе се доделуваат на годишно ниво и за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, преку нови проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ