петок, 25 октомври 2024

Пентагон водел тајна кампања против вакцинација за да ја поткопа Кина за време на пандемијата

Американската војска започнала тајна програма среде епидемијата на ковид-19 за да ја дискредитира кинеската вакцина Синовак, како одмазда на напорите на Пекинг да го обвини Вашингтон за пандемијата, за која здравствените експерти велат дека довела во опасност невини животи, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во екот на пандемијата, американската војска започна тајна кампања за да се спротивстави на она што го сметаше за сè поголемо влијание на Кина на Филипините, нација која беше особено тешко погодена од смртоносниот вирус.

Ништо не се знаеше за тајната операција, а нејзината цел беше да фрли сомнеж во безбедноста и ефикасноста на вакцините и другите средства кои спасуваат животи, а ги снабдува Кина, покажа истрагата на Ројтерс.

Војската започна анти-ваксерка кампања преку лажни интернет профили на луѓе кои се претставувале како Филипинци. Квалитетот на маските за лице, комплетите за тестирање и првата вакцина достапна на Филипините, кинеската Синовак, беа критикувани на социјалните мрежи.

Ројтерс идентификуваше најмалку 300 профили на социјалната мрежа Икс кои се совпаѓаат со описите споделени од поранешни американски воени претставници запознаени со операцијата на Филипините. Речиси сите биле креирани во летото 2020 година и го имале хаштагот #Chinaangvirus, што на тагалог значи „Кина е вирус“.

„Ковид дојде од Кина и вакцината дојде од Кина, не ѝ верувајте на Кина“, бил типичен твит од јули 2020 година. Текстот е придружен со фотографија од шприц до кинеското знаме и графикон кој го покажува зголемувањето на бројот на заразени.

Американската војска започна анти-ваксерска кампања во пролетта 2020 година и ја прошири надвор од Југоисточна Азија пред да ја прекине во средината на 2021 година, откри Ројтерс.

Тие ја адаптираа кампањата на локалната публика низ Централна Азија и Блискиот Исток, а Пентагон користеше комбинација од лажни профили на социјалните мрежи на повеќе платформи за да шири страв од кинеските вакцини меѓу муслиманите, во време кога вирусот убиваше десетици илјади луѓе секој ден.

Клучен дел од стратегијата беше да се зајакне спорното тврдење дека кинеската вакцина може да се смета за забранета според исламскиот закон, бидејќи понекогаш содржи свински желатин.

Тајната воена програма започна во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп и продолжи кога Џо Бајден ја презеде Белата куќа, дури и откако официјални лица ја предупредија новата администрација дека Пентагон учествува во ширењето на дезинформации за ковид, откри Ројтерс.

Во пролетта 2021 година, администрацијата на Бајден издаде извршна наредба со која се забрануваат антиваксерски ставови насочени кон други производители на вакцини, а Пентагон започна внатрешна истрага.

Портпаролите на Трамп и Бајден не одговорија на барањата за коментар за тајната програма, додека висок претставник на Министерството за одбрана призна дека американската војска била вклучена во тајна пропаганда за саботажа на кинеската вакцина во земјите во развој, но одби да даде детали.

Кога експертите за јавно здравје беа информирани од Ројтерс за тајната кампања на Пентагон, тие ја осудија, додавајќи дека цивили биле изложени на ризик поради потенцијална геополитичка добивка.

„Мислам дека нема никакво оправдување за тоа“, рече Даниел Ласај, специјалист за заразни болести од Медицинскиот факултет во Дармут.

„Згрозен сум и разочаран кога слушнав дека американската влада го направила тоа“, додаде Лејси, кој е поранешен воен лекар кој помагал за време на антракс во 2001 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ