вторник, 22 октомври 2024
Ден на АРМ

Пендаровски: Европска Македонија, безбедна, стабилна и просперитетна

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски во својот говор рече дека во наредните 10 години Македонија мора да одвои 955 милиони евра за модернизација и опремување на АРМ.

„Мора да продолжиме да вложуваме во нашата одбрана и безбедност, во нашите ресурси за сопствената безбедност. Нашата цел е да имаме модернизирана армија за одбрана на татковината. Членството во НАТО ни овозможува да ги издржиме бројните геополитички кризи. Многу е полесно кога една мала држава се справува со сите закани заедно со уште 30 држави, членки на НАТО“, рече Пендаровски.

с

Тој потсети и на втората голема закана за човекот, а тоа е природата, климатските промени, опасноста од суши, поплави, одрони и епидемии.

„Во буквално секоја кризна состојба АРМ е ангажирана. Но тој ангажман не е ограничен само на територијата на Македонија. Годинава испративме војници во Турција, по силниот земјотрес во февруари, а во моментов во Словенија имаме 100 војници кои помагаат во санирањето на штетите по поплавите во Словенија. Без одлагање реагиравме и испративме тимови и во Турција и во Словенија. Затоа денеска одликувавме припадници на АРМ со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од државата“, рече Пендаровски.

б

Ова признание денеска за првпат се додели на 60 припадници на АРМ. Ова следува по донесената одлука на претседателот Пендаровски за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува медалот, врз основа на Законот за одликувања и признанија.

                                                                                                      А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ