„Значи апелирам до двете страни, немојте два дена три дена пет дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, затоа што таа е многу чувствителна, многу експлозивна, знаете дека имавме конлфикт во 2001, одвај се вративме, одвај се опоравивме и во принцип, не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Зошто? Затоа што, што ќе правиме кога ќе завшрат изборите? Ова што јас го кажувам на која било тема како претседател во време на избори има сосем друг ефект кај луѓето на улица. Што ако некој поттикнат од моите зборови или од реакцијата на моите зборови, направи некоја беља на национална основа? Знам дека во овој случај станува збор за луѓе кои се искусни, кои не се вчерашни, но сепак би апелирал, дајте со разум, да се вратиме на она што е најбитното за Македонија. Најбитно е економија и социјална политика и борбата против корупцијата. Мораме да го кренеме стандардот на граѓаните и немојте да ги креваме тензиите со муабети кој е поголем патриот од кого“, рече Пендаровски.
Toj повика темата за тоа кој бил победник во конфликтот во 2001 година, конечно да се остави на страна.
„Оставете ги тие работи што било 2001 година. Затоа уште еднаш апелирам да ја оставиме таа тема на страна. Овде сме сите во заедничка куќа, да живееме како една сложна фамилија и заеднички да си gi решиме проблемите. Во таа 2001 година немаше победник. Сите бевме губитници, а Македонија најголем“, истакна Пендаровски во Демир Хисар.