20-годишниот голман кој е дел од македонската млада репрезентација, потпиша две ипол годишен договор со Пелистер.
Давид Брестовац беше дел и од германските клубови Котбус и Волф Вирцбург, по што се враќа дома.
Од клубот истакнуваат дека продолжуваат со стратегијата за привлекување млади македонски ракометари, а официјалното претставување на Брестовац ќе се одржи во наредните денови, по неговото пристигнување во Битола.