Во новата сезона од ракометната Лига на шампиони, сигурни се 9 клубови, а преостанатите седум места ќе се пополнат со специјална покана.
Како што брифираат од Европската ракометна федерација (ЕХФ), дури 12 клубови побарале вајлд-карта, а помеѓу нив се најде и името на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Конкуренција на „зелено-белите“ од Битола се екипи како Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.
ЕХФ ќе ја соопшти одлуката на 19. јуни, по што ќе бидат познати и шеширите за ждрепката на групите во Лигата на шампиони, која е закажана за 27. јуни.
Минатата сезона Еурофарм Пелистер разочара во елитното ракометно натпреварување, забележа 14 порази на исто толку натпревари.