сабота, 19 октомври 2024

Пелистер побарал валјд-карта за место во Лигата на шампиони, конкуренцијата е жестока

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер побарал вајлд-карта за место во Лигата на шампиони, „зелено-белите“ заедно со уште 11 други клубови ќе конкурирата за седум места.

Објавено на

часот

Сподели

Во новата сезона од ракометната Лига на шампиони, сигурни се 9 клубови, а преостанатите седум места ќе се пополнат со специјална покана.

Како што брифираат од Европската ракометна федерација (ЕХФ), дури 12 клубови побарале вајлд-карта, а помеѓу нив се најде и името на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Конкуренција на „зелено-белите“ од Битола се екипи како Загреб, Фредериција, Бидасоа, Нант, Пик Сегед, Елверум, Кјелце, Порто, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен и Татран Прешов.

ЕХФ ќе ја соопшти одлуката на 19. јуни, по што ќе бидат познати и шеширите за ждрепката на групите во Лигата на шампиони, која е закажана за 27. јуни.

Минатата сезона Еурофарм Пелистер разочара во елитното ракометно натпреварување, забележа 14 порази на исто толку натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ