вторник, 23 јули 2024
Ждрепката за новата сезона ги спои најголемите ривали

Пелистер и Вардар се во иста група во Суперлигата, со нивна пресметка почнува новата сезона

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите за новата сезона која ќе се игра по системот од претходната година, во две групи со по осум екипи.

За разлика од минатата сезона, Вардар не беше меѓу двата носители, Пелистер и Алкалоид беа прворангираните екипи, црвено-црните се паднаа во групата со битолчани.

Група А: Струга (1), МРК Куманово (2), ГРК Тиквеш (3), Скопје 2020 (4), Алкалоид (5), Еурофарм Пелистер 2 (6), Аеродром (7), ГРК Охрид (8)

Група Б: Пролет 62 (1), Прилеп (2) Вардар 1961 (3), РК Мулти Есенс (4), Голден Арт (5), Еурофарм Пелистер (6), Бутел Скопје (7), Вардар Неготино (8)

Брзо откако беа извлечени групите за новата сезона од ракометната Суперлига, познат е и распоредот на натпревари. Мега дербито меѓу Вардар и Пелистер ќе се игра уште во првото коло. 

1 коло

Група А: Струга – Охрид, Куманово – Аеродром, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2, Скопје – Алкалоид

Група Б: Вардар – Еурофарм Пелистер, Пролет – Вардар Неготино, Прилеп – Бутел, Мулти Есенс – Голден Арт

Првенството се очекува да стартува на почетокот од септември, а како увертира на тоа Пелистер како шампион и Вардар како освојувач на Купот на Македонија, треба да се борат за трофејот од Суперкупот во еден меч, теренот дополнително ќе биде одреден.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ