петок, 18 октомври 2024

Пелистер го победи Вардар во Битола

Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер го доби дербито против Вардар со 27-21 во првиот меч од вториот дел од сезоната во ракометната Суперлига.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот дел беше крајно неизвесен, Вардар најчесто водеше, но Пелистер враќаше, на одморот се замина со нерешени 10-10.

Во второто полувреме при водство на Вардар од 12-11, гостите застанаа, а Пелистер имаше свое шоу, направи серија од 8-1 и поведе со 19-14.

До крајот на мечот битолскиот тим влезе во мирен и рутински финиш стигнувајќи до конечни 27-21.

Најдобар во победничкиот тим беше Кузмановски со осум голови, додека Николиќ постигна пет погодоци за Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ