четврток, 18 јули 2024

Партијата Алтернатива на Германија не ја признава германската граница со Полска?

Објавено на

часот

Сподели

Сега шоковите поради сè поголемата популарност на оваа партија почнуваат да е прелеваат и во странство, поточно во соседна Полска.

Лидерката на АфД Алис Вајдел претставувајќи ги на Твитер најновите изборни анкети во источна Германија, тој дел од земјата го нарече „централна Германија“, доведувајќи го така во прашање интегритетот на полската територија.

„Далеку сме најсилни во централна Германија: луѓето сакаат да видат АфД да преземе политичка одговорност“, истакна Вајдел објавувајќи ги резултатите од истражување според кое нејзината партија во тој дел од државата има поддршка од дури 32 отсто од граѓаните, односно за неа би гласале двојно повеќе луѓе отколку за владејачките социјалдемократи кои останале на 16 отсто од гласовите.

Изразот „централна Германија“ на Вајдел не е никаков лапсус.

Станува збор за тоа што германските националисти не го признаваат легитимитетот на границите наметнати во 1945, ниту на границите исцртани по Версајскиот договор, па полагаат право на територии кои сега се дел од Чешка и Полска и ги сметаат за дел од германскиот простор, што биле во времето на Германското царство.

Германското царство, или Германскиот рајх, траел од обединувањето на земјата во 1871 година, до крајот на Првата светска војна, иако името се користело до 1943 година.

Според оваа логика, на Германија ѝ припаѓаат и територии кои сега се дел од Полска.

Како оваа провокација ќе влијае на односите на Германците и Полјаците останува да се види, но двете држави не се во претерано добри односи, особено поради тоа што Варшава бара воена отштета која смета дека Полска ја заслужува за страдањата во Втората светска војна.

Сè поголемата популарност на АфД, а сè помалиот успех на „семафор коалицијата“ на Олаф Шолц, со ваквите коментари на Вајдел, најавуваат дека ерата на тензии нема така лесно да заврши.

Десничарската Алтернатива за Германија според последните информации на сајтот Јуроп електс, кој ги објавува истражувањата на јавното мислење во државите на Европа, има поддршка од 20 отсто од граѓаните во цела Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ