вторник, 22 октомври 2024

Парламентот на Република Српска гласа за предлогот за мирно раздружување на БиХ

Властите на Република Српска планираат да ѝ предложат на Федерацијата БиХ потпишување договор според кој тие два ентитети би се претвориле во самостојни држави, а Босна и Херцеговина би престанала да постои. Тој документ е испратен на усвојување во ентитетскиот парламент во Бања Лука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Документот настанат по идеја на лидерот на босанските Срби Милорад Додик е ставен на дневниот ред на седницата на парламентот на РС која почна денес, а ако биде усвоен, како што се очекува, треба да биде проследен на Федерацијата БиХ со барање за мислење и евентуално потпишување.

Донесувањето на тој документ Додик го најави пред еден месец избегнувајќи спомнување термини за сецесија односно отцепување на РС од БиХ.

„Ние не се сепарираме. Ние се обидуваме да отвориме дијалог“, кажа Додик на седницата на парламентот, додавајќи дека босанските Срби имаат право на своја држава бидејќи тоа право, како што кажа, сите други веќе го оствариле.

Медиумите во БиХ денес по првпат интегрално ја објавија содржината на предлогот на РС во чиј наслов се наведува дека тоа е „договор за регулирање на односите“ на двата сегашни ентитети.

Се наведува дека РС и ФБИХ „мирно се раздружуваат“ поради неможноста за функционирање на изворниот Дејтонски договор кој гарантираше рамноправност на двата ентитети и трите конститутивни народи.

По тоа раздружување, како што е наведено, страните потписнички би продолжиле да функционираат врз основа на својата „државно правна традиција“ која, според Бања Лука, за РС потекнува од нејзиното прогласување во 1992 година, додека на Федерацијата БиХ ѝ предлагаа таа својата државност да ја смета од потпишувањето на Вашингтонскиот договор во 1994 година.

Двата ентитети, според овој договор, би ги почитувале суверенитетот и границите на другиот и би граделе добрососедски односи и заемно би се поддржувале на патот кон членство во Европската Унија.

Три години би задржале иста валута, монетарна и царинска политика, како и системот за ДДВ.

Предложениот договор не го спомнува статусот на Брчко, кој е самостојна област независен од ентитетите и чии административни граници ја сечат територијата на РС на два одвоени дела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ