недела, 14 јули 2024

Парагвај потпиша договор со измислена земја

Објавено на

часот

Сподели

Арналдо Чаморо, секретар на кабинетот во Министерството за земјоделство, вчера им изјави на новинарите дека бил отпуштен затоа што во октомври потпишал договор со делегација на „Соединетите Држави Каиласа“, наводен остров кој лежи северно од Јужна Америка.

„Дојдоа и изразија желба да му помогнат на Парагвај, презентираа неколку проекти, ги слушнавме и толку“, изјави Чаморо и призна дека бил измамен. Двајцата „пратеници“ дури накратко ги примил и самиот министер за земјоделство.

Во меморандумот, поранешниот секретар на кабинетот му честита на „почесниот Нитјананда Парамашивам, суверен на Соединети Држави Каиласа, за неговиот придонес во хиндуизмот, хуманизмот и на Република Парагвај“ и препорачува „Владата на Парагвај активно да размисли за воспоставување дипломатски односи со Соединети Држави Каиласа и да го поддржат нејзиниот прием во меѓународните организации, меѓу кои и во Обединетите нации“.

Парагвајските медиуми открија дека „суверениот“ од Каиласа е всушност индиски државјанин кој е во бегство од правосудниот систем на својата татковина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ