Ноќеска се одиграа три квалификациски меча за Светското првенство во Јужна Америка.
Парагвај со пресврт дојде до важна победа над Аргентина од 2-1 во квалификациски меч за СП, а голот на Антонио Санабрија е посебно добар, совршени ножички.
Аргентина играше со најдобриот состав и одлично го почна мечот, со гол на Лаутаро Мартинез уште во 11. минута поведоа со 1-0.
Но предноста на светскиот шампион траеше само осум минути, тогаш напаѓачот на Торино, Антонио Санабрија постигна фантастичен погодок, можеби неговиот најдобар во кариерата за 1-1. Велазкез центрираше, а Санабрија со совршени ножички реализираше.
По само две минути игра во второто полуврем, Алдерете даде гол за победа на Парагвај од 2-1.
Бразил одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Венецуела во натпревар од квалификациите за СП.
Бразилците дојдоа во водство со гол од слободен удар на Рафиња во финишот од првото полувреме.
На самиот старт од вториот дел Венецуела го изедначи резултатот со гол на Сеговија.
Во 62. минута Винисиус Жуниор имаше голема шанса да го врати водството на Бразил, но не реализираше пенал.
Еквадор со убедливи 4-0 ја совлада Боливија, два гола даде Плата, по еднаш погодија Валенсија и Минда.