среда, 4 декември 2024

Во несреќен случај тaткото при лов си го убил синот

Иван Камчев (31) минатата недела беше пронајден пртов во шима во Штипско. МВР соопшти дека случајот е расчистен и дека во несреќен случај Камчев бил застрелан од неговиот татко со кого заедно биле во лов, во несреќен случај.

Објавено на

часот

Сподели

Т.К. (54) од селото Дедино, Општина Конче, се товари за убиство од небрежност.

 

Таткото и синот на 4 ноември биле во забранет лов на диви свињи. По наредба на судот, извршен е претрес во домот на Т.К. и одземени се предмети што се од интерес на истрагата. Локалните медиуми претходно објавија дека ловџијата загинал во несреќен случај. Првичната верзија на неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112, била дека несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите.

 

При пукањето, според зборовите на таткото, тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната медицинска помош е констатирана смртта. Оваа верзија на настанот потоа ја проверуваа полицијата и обвинитеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ