петок, 18 октомври 2024

Парадокс на боиштето: украинските тенкови работат на руска нафта

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е парадокс на војната: украинските текови сè повеќе користат нафта со потекло од Русија. Според податоците на украинската царина, Украина сè повеќе увезува дизел гориво од Унгарија и Турција – двете земји во своите рафинерии преработуваат нафта која главно доаѓа од Русија“, наведува весникот.

Истовремено, компаниите кои не добиваат суровини од Русија го губат делот од пазарот во Украина. тоа е поради фактот што, според германскиот весник, МОЛ има конкурентска предност во однос на другите европски нафтени и гасни компании, бидејќи има специјална дозвола од Европската Унија да продолжи да ги снабдува своите рафинерии со руска нафта.

На почетокот на јули унгарскиот министер за надворешни и економски односи Петер Сијарто соопшти дека Будимпешта побарала од ЕУ на една година да го продолжи изземањето од санкциите, врз основа на што Словнафт, подружницата на унгарската нафтена и гасна компанија МОЛ во Словачка, ќе може да извезува нафтени деривати направени од руска сирова нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ