вторник, 22 октомври 2024

Папата повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт

Во ниту една војна нема вистински победници, рече папата Франциско при посетата на Римските воени гробишта, мислејќи на конфликтите на Блискиот Исток и Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Франциско во инвалидска количка помина покрај надгробните споменици и положи цвеќе на гробиштата каде што се наоѓаат посмртните останки на војниците од земјите на Комонвелтот кои загинале во Италија за време на Втората светска војна.

„Војните се секогаш пораз, секогаш. Никогаш нема целосна победа. Едната страна ја поразува другата, но зад тоа секогаш постои пораз во цената што мора да се плати“, рече тој за време на мисата на гробиштата на која присуствуваа неколку амбасадори од земји на Комонвелтот.

Папата повика на прекин на огнот во Газа и создавање хуманитарни коридори за олеснување на страдањата на нејзините опколени жители.

Тој исто така повика на решение со две држави за блискоисточниот конфликт, рече дека Израел има право да се брани од напади и го осуди порастот на антисемитизмот во светот.

На повремениот дожд, папата (86) за време на мисата стоеше подолго отколку за повеќе од една година, што покажува дека коленото можеби сега му прави помалку проблеми, пишува Ројтерс.

Гробиштата во областа на Рим, кои беа место на улични борби за време на Втората светска војна, се последното почивалиште на околу 425 војници од Британија и нејзините поранешни колонии кои загинаа борејќи се во Италија.

Франциско зборуваше за трагедијата на војната. „На влезот ја гледав возраста на починатите, главно меѓу 20 и 30 години. Скратени животи, животи без иднина“, рече тој.

„Помислив на родителите, на мајките кои го добиле тоа писмо: „Госпоѓо, чест ми е да ви кажам дека имате син херој. Да, херој, но ми го одзедоа“. Има многу солзи во тие скратени животи“, рече тој. „Истото се случува и денес. Толку многу луѓе, млади и не толку млади, во војните во светот, дури и во оние поблиску до нас, во Европа и пошироко… толку многу мртви“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ