петок, 18 октомври 2024

Папата кажа дека светот е срамно неспособен да ја сопре војната на Блискиот Исток

Папата Франциско ја критикуваше „срамната неспособност“ на меѓународната заедница да ја прекине војната на Блискиот Исток една година по упадот на Хамас во Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пред една година беше запален фитилот на омразата – експлодира во спирала на насилство“, порача тој во отворено писмо до католиците на Блискиот Исток.

„Изгледа дека многу малку луѓе се грижат за она најпотребното и најпосакуваното: дијалог и мир. Насилството никогаш не носи мир. Историјата тоа го докажува, а сепак се чини дека годините на конфликти не нè научиле на ништо“, порача папата.

Франциско во изминатите денови сè поотворено зборува за војната на Израел против Хамас и Хезболах и сè повеќе ја критикува израелската воена кампања во која гинат голем број цивили.

Осумдесет и седмогодишниот папа на 2 септември ги осуди израелските воздушни напади на Либан, во кои покрај лидерот на Хезболах Хасан Насралах без убиени цивили, кажувајќи дека воздушните напади се „крај на моралот“.

Франциско претходно во септември израелските напади на Либан ги нарече „неприфатливи“ и ја повика меѓународната заедница да направи сè што може да се прекине убивањето.

Во своето денешно писмо Француско директно им се обрати на Палестинците во Газа: „Со вас сум, луѓе од Газа, долго опкружени со борби и мачење. Секој ден сте во моите мисли и молитви“, напиша тој.

„Со вас сум, вас кои бевте присилени да ги напуштите своите домови, да ги напуштите школувањето и работата и да најдете засолниште од бомбардирањето. Со вас сум, вас кои се плашите да погледнете нагоре поради стравот од огнот од небото“, порача папата Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ