„Папата го покани патријархот да се сретнат во Емиратите. Сепак, одлуката дали да се прифати поканата ќе ја донесе патријархот“, изјави Севастијанов за РИА Новости.
Претходно беше најавено дека папата ќе учествува на состанокот за климатските промени што ќе се одржи во Дубаи од 1 до 3 декември, а ден претходно ќе биде во Абу Даби.