сабота, 19 октомври 2024

Папата ги критикуваше светските лидери бидејќи не спроведуваат мерки за забавување на климатските промени

Папата Франциско денеска објави дека светските лидери треба да се засрамат бидејќи не ги спроведуваат обврзувачките цели за забавување на климатските промени.

Објавено на

часот

Сподели

Тој апелираше до нив да почнат да го прават ова пред да биде предоцна, предупредувајќи дека забрзаното затоплување на „Божјата креација“ достигнува „точка од која нема враќање“, пренесе АП.

Папата Франциско ја упати оваа критика и апел поради „неповратната штета“ што веќе им е нанесена на луѓето и нашата планета, предупредувајќи уште еднаш дека сиромашните и најранливите во светот плаќаат највисока цена.

„Сега не можеме да ја запреме огромната штета што ја предизвикавме и едвај имаме време да спречиме уште потрагична штета“, предупреди папата.

Предупредувањето на папата во документот „Фалете го Бога“, објавен на денот на празникот на истоименикот на поглаварот на Римокатоличката црква, светецот љубител на природата свети Франциско Асишки, има за цел да ги поттикне преговарачите да ја прифатат имплементацијата на обврзувачките климатски цели на следниот состанок на Обединетите нации на оваа тема, кој ќе се одржи во Дубаи.

Користејќи прецизни научни податоци, остри дипломатски аргументи и теолошки верувања и учења, папата Франциско му даде на светот морален императив да се префрли од фосилни горива на чиста енергија, со мерки кои се „ефективни, задолжителни и лесни за спроведување“, наведува АП.

„Она што се бара од нас не е ништо повеќе од извесна одговорност за наследството што ќе го оставиме зад себе кога ќе го напуштиме овој свет“, рече папата Франциско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ